Ракометниот гигант ПСЖ објави дека ја продолжува соработката со Матје Гребиј. Искусниот репрезентативец на Франција во тимот на „светците“ ќе остане уште две сезони, односно до јуни, 2025 година.
Гребиј во ПСЖ пристигна во текот на 2020 година од поранешниот европски првак Монпелје, клуб со кој во сезона 2017/18 ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Минатата сезона беше меѓу најдобрите стрелци за својот тим во најквалитетното европско натпреварување и сезоната ја заврши со 32 постигнати погодоци во мрежата на противниците.