сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Милосављев ја има одбраната на колото во ЛШ (видео)

Милосављев ја има одбраната на колото во ЛШ (видео)

Голманот на Вардар, Дејан Милосављев со својата тројна одбрана на саботниот дуел против Монпеље се најде на врвот на листата со ТОП 5 одбрани во првото коло од ракометната Лига на шампиони.

Тројната одбрана на Милосављев може да се види на овој линк

ЕХФ ТВ го смести Милосављев и во идеалниот тим на премиерната рунда од новата сезона.

Вардарци предводени од својот чувар на мрежата успеаја на гостински терен да го совладаат актуелниот европски првак со 27:24.