вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Мотор го надигра Татран во првото СЕХА-четвртфинале

Мотор го надигра Татран во првото СЕХА-четвртфинале

По Веспрем, кој со две победи се пласира во полуфиналето на СЕХА лигата, скоро познати се уште два патника уште по првите натпревари.

По Мешков Брест кој во Битола го совлада Еурофарм Пелистер украинскиот Мотор Запорожје треба само да ја верификува денешната победа и на вториот дуел со Татран Прешов.

Мотор го совлада најдобриот словачки клуб со 22-27 (10-12), а со оглед на тоа што и вториот дуел ќе се одигра во Запорожје, не би требало да има проблеми за влез во полуфиналето.

Пуховски и Козакевич со по четири гола и голманот Мароз со десет интервенции беа најзаслужни за победата на Украинците.