понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Најлудо сценарио: За полуфинале на ЕП во Хрватска може да решава и ждрепката

Најлудо сценарио: За полуфинале на ЕП во Хрватска може да решава и ждрепката

Хрватска и Франција ќе се соочат вечерва во дербито на сите дербија за место во полуфиналето на Европското ракометно првенство, а домаќините имаат неколку опции како може да стигнат до пласман меѓу најдобрите четири.

И додека се водат сите математики, во кои вклучена е и скандинавската пресметка Норвешка – Шведска, која исто така решава, најлудото сценарио кое може да се случи е – полуфиналист да се бара со ждрепка.

За таков расплет потребно е да се поклопат два точни резултати. Шведска да ја победи Норвешка со 30-28, а Хрватска да слави со 21-19 против Франција. Во тој случај трите селекции, Франција, Хрватска и Шведска би имале идентичен скор по сите параметри – бодови, гол-разлика, дадени голови, примени голови… Па, ќе решава – ждрепката.

Инаку за домаќинот да игра полуфинале, а во тимот има тројца вардарци Игор Карачиќ, Иван Чупиќ и Лука Циндриќ математиките дозволуваат низа комбинации, со или без оглед на резултатот од скандинавската пресметка.

Хрватска ќе биде полуфиналист ако:

– ја победи Франција, Шведска не ја победи Норвешка,

– ремизира во Франција, а Шведска изгуби од Норвешка,

– ако ја победи Франција со три гола разлика

– ако ја победи Франција со два разлика, а даде најмалку 22 гола

– ако ја победи Франција со 21-19, а Шведска да ја победи Норвешка со било кој резултат

– ако изгуби од Франција, а Норвешка да ја победи Шведска со најмногу четири гола разлика, но да не дадат Норвежаните повеќе од 31 гол.

Дуелот Норвешка – Шведска се игра од 18.15 часот, додека Фрација и Хрватска ќе се соочат во вечерниот термин од 20.30 часот.