понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Нема македонски интернационалци во Израел: Чаневски и Арсениевска се вратија во Македонија!

Нема македонски интернационалци во Израел: Чаневски и Арсениевска се вратија во Македонија!

Деновиве топ тема низ светот е војната во Израел и нападот на Хамас на повеќе градови во оваа држава, а сите спортски настани се одложени на неодредено време, објави 24ракомет.

Македонија оваа сезона има двајца интернационалци во израелскиот шампионат, а тоа се голманот на Макаби Ришон Ле Зион, Градимир Чаневски и средниот бек на Бнеи Херцлија, Ивана Арсениевска.

Чаневски навреме се врати во татковината, додека Арсениевска од претходно е во Македонија поради ЕХФ неделата. Израелските клубови во сите спортови им дозволија на интернационалците привремено да се вратат во своите држави.

Министерството за Спорт и Култура донесе одлука за прекин на сите спортски настани, а според информациите од израелската федерација првичен термин за продолжување на натпреварите е 22 октомври.

Одложени се натпреварите на женската селекција на Израел против Словачка и Израел од квалификациите за ЕП 2024 година, а веројатно ќе биде исто и со натпреварите нa Хапоел Холон, Хапоел Ашдод, Макаби Ришон Ле Зион и Макаби Аразим Рамат Ган во машкиот и женскиот Европски Куп.