среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Од цела Европа, само Македонија оди во Президент Купот!

Од цела Европа, само Македонија оди во Президент Купот!

Македонската ракометна репрезентација со три убедливи порази ја заврши групната фаза на 28-то Светско првенство во Полска и Шведска, откако после двоцифрените порази од Норвешка и Холандија, вечерва убедливо нѐ победи и Аргентина, па „црвено-жолтите“ ќе играат во Президент-купот во разигрувањето за пласман и тоа како – единствена селекција од Европа.

Од цела Европа, само Македонија оди во непопуларното доигрување на Мундијалот, а таму ќе се пресметува со Африканци, Азијци и Јужноамериканци, само како доволен доказ за очајот и бламажата што на овој Мундијал ја доживеа новата генерација предводена од Кирил Лазаров на клупата.

Македонија во Президент-купот продолжува во група во која нѐ чекаат само африкански селекции, сигурен е Алжир, а Тунис и Мароко вечерва треба официјално да ја комплетираат групата зашто во последните мечеви вечерва играат против апсолутните фаворити Хрватска односно Данска и се очекува да загубат.

Во првата група се селекциите на Чиле, Саудиска Арабија, Уругвај и Јужна Кореја.

Македонија на 19 јануари против Алжир треба да ги почне настапите во Президент купот, а врз база на пласманот во групата после дополнителните три меча во групата, ќе игра и четврти за конечен пласман на овој Мундијал.