вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар доби бразилски шмек најмалку до крајот на сезоната

ОФИЦИЈАЛНО: Вардар доби бразилски шмек најмалку до крајот на сезоната

Бразилскиот репрезентативец Леонардо Дутра Фереира (26) најмалку до крајот на сезонава ќе биде член на Вардар, откако македонскиот шампион потпиша договор со бекот да игра во „црвено-црниот“ дрес.

Тој е првото засилување за пролетниот дел и доаѓа од екипата на Натурхаус Ла Риоха од Логроњо од Шпанија. Договорот со Дутра е со важност до крајот на сезонава, но и со можност за продолжување за најмалку уште една сезона.

Дутра игра на позицијата лев и среден бек и треба да биде засилување за Вардар. Тој е одличен индивидуалец кој е особено силен во играта „еден на еден“ и зад себе има и интернационална кариера во Висла Плок во Полска, и уште три сезони во Куенка од Шпанија.

Дутра е на списокот на селекторот на Бразил за Светското првенство во Полска и Шведска, и во Скопје треба да се приклучи по завршување на Мундијалот.