Тренерот на Вардар, Роберто Парондо рече дека и покрај лошиот натпревар најважно е дека се освоени бодовите на дуелот со Металург во СЕХА-лигата.
Вардар победи со 27:26 и повторно с еврати на врвот на табелата со 24 бода.
– Најважно е дека победивме. Потребни ни беа овие бодови, па затоа сме задоволни. Моје грешка е што одигравме лош натпревар. Ги одмарав играчите по тешкиот дуел со Кјелце, за да немаат притисок. Затоа игравме со поинаков состав, истакна предводникот на „црвено-црните“.
На голот на Вардар беше младиот Марко Кизиќ кој со неколку добри одбрани кога се „кршеше“ резултатот има заслуга за победатата.
– Секогаш кога се игра со Металург натпреварот е тежок. Ние ја имавме фаворитската улога и постоеше притисок. Се обидовме да прикажеме најдобро и на крај победивме. И јас добро се подготвував за овој натпревар, вели Кизиќ.
Металург остана на само една победа и еден нерешен резултат.