Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо и покрај победата над Металург (34:28) во првото коло од СЕХА лигата не беше задоволен од изданието на неговите ракометари.
– Во првото полувреме игравме слабо и така не смееме да играме во иднина. Имавме лош интензитет на играта и јас постојано зборувам дека мораме да бидеме многу подобри во секој сегмент. Ова беше тешка средба во текот на сите 60 минути и ни остави трага на резултатот во првите 40 минути. Во продолжението беше поинаку. Го кренавме нивото и се подобривме. Успеавме да одиграме далеку подобро, но јасно е дека мораме да работиме напорно во следниот период доколку сакаме уште подобри резултати, вели Парондо.
Вардар е бранител на трофејот во регионалното натпреварување.
(Миа)