Селекторот на земјата домаќин на ракометниот Мундијал, Роберто Парондо со нетрпение го очекува дуелот од второто коло против избраниците на Брестовац.
Поранешниот тренер на Вардар, кој воедно му беше и помошник на Раул Гонзалез во македонската репрезентација, по победата на Египет над Чиле на СП се наврати на времето поминато во Скопје.
-Сакам да и честитам на Македонија што се приклучи на овој турнир, но во исто време ми е жал што Чешка мораше да откаже. Ситуацијата е проблематична и за нас бидејќи како тренер се подготвуваме за Чешка долго време, а сега имаме кратко време да се подготвуваме за Македонија. Сепак среќен сум за Македонија, имам прекрасни спомени од таму, изјави Парондо.
Македонија и Египет ќе играат во 2 коло од групата Г на СП, натпреварот е закажан за в недела од 18 часот.