недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Пешевски и Танкоски не играат против Португалија, селекторот повика две нови имиња

Пешевски и Танкоски не играат против Португалија, селекторот повика две нови имиња

По дополнителните лекарски прегледи и одлуката ракометарите на, Жарко Пешевски и Марио Танковски да бидат ослободени од обврските во националниот тим, селекторот Кирил Лазаров дополнително повика двајца ракометари.

Нови имиња на подготовките се ракометарите на Вардар 1961, Михаил Аларов и Марко Мишевски. Македонија ја очекува двомеч со Португалија во квалификациите за Европското првенство 2024 година, а пред овие две средби селекторот Лазаров се соочува со големи проблеми. Од повиканите ракометари отпаднаа Филип Талески, Марио Танковски, Павле Атанасијевиќ и Жарко Пешевски.

Македонските репрезентативци во следните два дена ќе се подготвуваат во салата „Автокоманда“, пред дуелот на деветти март против Португалија во СЦ „Борис Трајковски“. Три дена подоцна следи возвратен натпревар во Матосињос.