сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Танкоски: ПСЖ е богата екипа и со еден најдобриот светски тренер

Танкоски: ПСЖ е богата екипа и со еден најдобриот светски тренер

Марио Танковски одлично ја искористи шансата во дресот на Еурофарм Пелистер, па затоа од натпревар во натпревар добива сè поголема минутажа од стручниот штаб. Македонскиот среден бек и „зелено-белите“ утре ќе летнат за Париз, каде ги чека уште едно пеколно гостување во Лигата на шампионите.

Четврти противник на пелистерци во елитата оваа сезона ќе биде моќниот тим на ПСЖ

„Многу ни значи тоа што одигравме одличен натпревар против Кил.. Влијае тој натпревар на самодовербата, иако не победивме, а имавме можност за тоа. Се подигнавме психички, па тоа ни е добредојдено за следните предизвици. ПСЖ е најсериозен испит сезонава. Заедно со Киелце, сметам дека нашиот следен противник е најсилната екипа во групата, па и во Европа. Го имаат најдобриот тренер во светот – Раул Гонзалез. Променет им е составот од минатата сезона, им треба време да се воиграат, но имаат екстра-квалитет. Сепак, се екипа од дваесет милиони евра, тука е голема разликата со нас. Треба да одиграме најдобро што можеме, па што биде, нека биде. 

Октмоври и ноември се најтешки месеци во сезоната, но веќе сме во тој ритам и само да сме здрави и да не избегнат повредите, ќе ги исполниме целите“, смета средниот бек на битолчани.