Нашите ракометари пред мечот со Холандија тренираа во малата сала на Таурн . Жарко Пешевски, кружниот напаѓач на Македонија, говореше за „лалињата“ и нивниот стил на игра, како и нашата подготовка.
„Холандија игра брз ракомет, не е скандинавска екипа, но се работи за квалитетен тим. Имаме шанси да ги победиме, но мора да бидеме на нивото. Анализите за овој меч ни траат, ние ќе се обидеме тактички да бидеме подобри. На Холандија ѝ посветивме најмногу внимание и се надевам дека ќе покажеме дека неслучајно сме овде. Мора да играме многу подобра одбрана од натпреварите во изминатиот период и да имаме трпелив напад. Ако се враќаме навремено, ќе најдеме решение за сите играчи на противникот“