петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

По ремито на Вардар со Порто, еве што има да каже Алушовски

По ремито на Вардар со Порто, еве што има да каже Алушовски

Стевче Алушовски, стратегот на Вардар, говореше по ремито против Порто (25-25) и им честита на играчите за прикажаната борба. Жали за пропуштената шанса за победа, но вели дека Порто добро го затворил нападот на „црвено-црните“, посебно шутерските линии.

-Честитки на екипата на Порто на добриот натпревар. Она што го кажавме пред мечот дека ќе биде тешко поради нивната игра „7 на 6“ се оствари. На крајот немавме среќа да се радуваме, меѓутоа можеби и Порто заслужено освои бод. Добро ја простутираа нашата игра, голем хендикеп беше за нас отсуството на Дисингер и немањето шут од надвор освен Марко Вујин. Добро не имаа затворено во нападот, имавме таму проблеми, а одбраната беше коректна. Сакам да им честитам на моите момци затоа што се вратија од еден изгубен меч, изјави Алушовски.

Следен натпревар за Вардар во Лигата на шампионите ќе биде на гостински терен кај Пари Сен Жермен.

Извор: ГОЛ.МК