понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Познат првиот полуфиналист на ЕП во Хрватска

Лука Карабатиќ со седум погодоци беше прв стрелец кај Франција и на крајот беше прогласен за играч на натпреварот. Него го пратеше Рафаел Кошето со ист број погодоци.
Познат првиот полуфиналист на ЕП во Хрватска

Франција е првата репрезентација која обезбеди полуфинале на Европското ракометно првенство што се одржува во Хрватска.

Во Загреб рутинирано го совлада аутсајдерот Србија со 39:30 во втората рунда натпревари од Главната фаза и се зацврсти на првата позиција во Групата 1. Го запиша вториот триумф или вкупно петти од исто толку натпревари со кој остана единствената репрезентација без пораз на континенталниот собир.

Лука Карабатиќ со седум погодоци беше прв стрелец кај Франција и на крајот беше прогласен за играч на натпреварот. Него го пратеше Рафаел Кошето со ист број погодоци.

По четири запишаа Кентин Мае и Никола Карабатиќ, кој го одигра 57 меч за својата репрезентација на Европските првенства и се израмни со селекторот Дидие Динар. Во поразената репрезентација Немања Зеленовиќ беше прв стрелец со седум погодоци.