Екипите на ЖРК Вардар, Ѓер, Ростов и ЧСМ Букурешт ќе учествуваат на „фајнал-фор“ турнирот во женската ракометна Лига на шампионите, кој е на програма на 12 и 13 мај.
ЧСМ Букурешт последен обезбеди виза за Ф4 иако беше поразен на гостувањето кај Мец во реванш дуелот од четвртфиналето со 27:20. Поради повисокиот триумф на првиот меч, романскиот тим обезбеди пласман меѓу најдобрите четири екипи во ЛШ.
Бранител на титулата е Ѓер, а Вардар е европски вицепрвак.
Полуфиналните двојки ќе бидат извлечени на 17 април во Будимпешта во 18:30 часот.
МИА