среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Познато е со која репрезентација Македонија ќе го одигра последниот натпревар на СП 2019

Познато е со која репрезентација Македонија ќе го одигра последниот натпревар на СП 2019

Катар со убедливи 37:27 (21:11) ја совлада репрезентацијата на Чиле во вториот меч од таканаречениот Президентс куп на Светското првенство во ракомет, што значи дека ќе игра со Русија за пласман на 12. место на Мундијалот во Германија и Данска.

Од друга страна, пак, јужноамериканската репрезентација ќе игра со Македонија во пресметката за 15. место на СП.

Чиле, слично како Македонија, на шампионатот има две победи, против Саудиска Арабија (32:27) и Австрија (32:24), но доживеа и три катастрофални порази од Норвешка, Данска и Тунис.