Хрватскиот шампион ППД Загреб стана вториот патник на Ф4 турнирот во Задар по унгарски Веспрем откако денеска во драматичен натпревар славеше против Војводина.
„Плинарите“ до ппласман на нова завршница во регионалната лига стигнаа со победа од 24:23 против Војводина, остварена со гол постигнат во последните секунди од натпреварт.
Човек на одлука беше Срна кој ја затресе противничката мрежа на само неколку секунди до крајот. Токму Срна на крај беше меѓу најефикасните кај Загреб со пет погодоци, а пред него беше само Иван Чупиќ кој запиша шест погодоци. Тимур Дибиров натпреварот го заврши со четири постигнати голови зад своето име.
По Веспрем и ППД Загреб, место на Ф4 ќе чекаат уште две екипи, а тоа ќе бидат подобрите од дуелите меѓу Вардар и Нексе, како и Еурофарм Пелистер и Мешков Брест.