петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Репрезентативката Мицевска си оди од Ница и се сели во Романија

Репрезентативката Мицевска си оди од Ница и се сели во Романија

Македонската репрезентативка, Јована Мицевска ќе ја промини клупската средина по крајот на оваа натпреварувачка сезона.

Мицевска беше дел од составот на Ница во изминативе пет години, клуб од кој и посакаа среќа во новиот предизвик.

-Јована, големото ракометно семејство на Ница ти посакува многу среќа во новата авантура, -порачаа од францускиот тим.

Нов тим на некогашната голманка на Вардар ќе биде Слатина од Романија.