Во пресрет на стартот на новата сезона, управата на РК Бутел го официјализира продолжувањето на соработката со тројца млади ракометари, од кои се очекува во иднина да бидат носители на играта на овој клуб.
Станува збор за Илија Пејковски, кој игра на позицијата лев бек, за кружниот напаѓач Стефан Јовевски и за левото крило Филип Бошковски.
Тројцата ја продолжија верноста за уште три сезони и ќе останат во скопскиот тим најмалку до 2026 година.