Медиа тимот на СЕХА лигата и официјално потврди дека сезоната во регионалното натпреварување која беше прекината во февруари ќе кулминира во септември со завршен турнир во Задар.
Спортскиот центар „Вишник“ третпат по ред ќе ги пречека најдобрите четири екипи во 11-та сезона во СЕХА лигата.
Завршниот турнир ќе се одржи од 2 до 4 септември, со тоа што првиот ден ќе се одиграат двете полуфинални средби, а финалето и натпреварот за третото место ќе се одиграат на четврти септември.
Кон крајот на овој месец ќе бидат познати учесниците на оваа завршница, за кога се закажани четвртфиналните натпревари. Битолски Еурофарм Пелистер пред својата публика ќе го пречека тимот на Мешков Брест (25 август), а два дена порано Вардар во Скопје ќе го пречека Нексе Нашице. Останатите два четвртфинални пари ги сочинуваат Татран Прешов-Веспрем и Впјводина – ПП Загреб.