четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Селекторот Кирил Лазаров го скрaти списокот со 18 ракометари за дуелот со Чешка

Селекторот Кирил Лазаров го скрaти списокот со 18 ракометари за дуелот со Чешка

Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, го скрои конечниот список на играчи со кои ќе патува во Злин, за утрешната пресметка против селекцијата на Чешка.

Од 23-те имиња кои се најдоа на проширениот список, Лазаров уште еднаш го прекрои и ги избра 18-те ракометари со кои ќе патува Македонија на ова гостување.

Во 18-те кои ќе патуваат за Чешка, место има и за дебитантот Петар Атанасиевиќ, инаку ракометар на Еурофарм Пелистер 2, кој е опција за Ненанд Костески, кој е повреден.

Од списокот дополнително отпаднаа Марко Кизиќ, Дарко Кондев, Марко Стојковиќ и Павле Атанасиевиќ.

Мечот против Чешка ќе се игра утре со почеток од 20:15.