недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Сергеј Самсоненко уште еднаш ја покажа љубовта кон Вардар

Сергеј Самсоненко уште еднаш ја покажа љубовта кон Вардар

Сергеј Самсоненко креаторот и причината за незаборавните ракометни денови во Македонија и двете освоени титули во Лигата на шампионите, иако ја завршува својата мисија во РК Вардар, сепак неговото срце кон „црвено-црните“ е широко отворенo.

Ракометниот храм или како што изминатите години го нарекувавме ВУЛКАНОТ СЦ „Јане Сандански“ бесплатно ќе го даде на користење на европскиот првак, кој од први јуни и официјално ќе биде во рацете на старо-новиот газда, Михајло Михајловски, човекот кој никогаш не криеше дека Вардар е негова слабост.

Тој денеска објасни каков договор имаат со Сергеј Самсоненко кога станува збор за салата.

„Видов написи што не соодветствуваат со реалноста. Јас и Сергеј Самсоненко, имаме договор Вардар да ја користи салата „Јане Сандански“ а тоа да биде дел од неговиот придонес кон новиот Вардар. Што се однесува до младите категории, ќе се договориме со директорот на салата и тој дел од трошоците ќе си биде на Вардар. Ова беше договорено уште во делот на преземањето, изјави Михајло Михајловски.

Македонскиот тим кој следната сезона засега ќе биде единствениот наш претставник во Лигата на шампионите во следните денови се очекува да го комплетира составот.

извор: sportmedia.mk