вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Славко Голужа е новиот тренер на ППД Загреб

Славко Голужа е новиот тренер на ППД Загреб

Хрватскиот тренер Ивица Обрван го напушти кормилото на ППД Загреб, тим кој потоа мораше да се активира на пазарот каде сега и официјално го пронајде неговиот наследник. Тоа е Славко Голужа за кого ова ќе биде трет мандат на клупата на популарните „плинари“.

-Тимот го сочинуваат неколку искусни играчи кои поминале многу во ракометот, но и некои помлади играчи кои штотуку ја започнуваат својата ракометна кариера. Моја задача е да создадам синергија и вистинска атмосфера. Сакам нашиот најдобар играч да биде нашиот тим, -порача Голужа кој ќе дебитира на новата позиција против Веспрем во ЛШ.

Договорот е со важност до крајот на годината.