Словенечкиот селектор Веселин Вујовиќ повторно е присутен на натпревар на Македонија, овој пат на дуелот против Чешка. И тоа повторно седи меѓу „Фалангата“, како на претходниот натпревар против Шпанија.
Вујо ја надмудри Шпанија, но не замина в хотел, туку остана во „Вараждин арена“ да го следи вториот ракометен натпревар. Ем заради Македонија, ем заради Чешка како свој нареден ривал. Овој пат, Вујовиќ доби и овации од публиката, која грмна во еден глас – „Вујо, мајсторе!“.
Вујовиќ е миленик на македонската публика, затоа што во минатото беше селектор, но и тренер на Вардар и му пркосеше на помоќниот и побогат ривал Металург.
Извор: Гол