Норвешкиот репрезентативец и актуелен член на ПИК Сегед, Кент Робин Тонесен во следната сезона ќе биде дел од најбогатиот европски клуб ПСЖ.
Норвежанецот во редовите на ПСЖ ќе биде замена за екс ракометарот на Вардар, Даинис Кристопанс.
Тонесен во својата интернационална кариера настапуваше и за екипите на Савехоф, Халсун, Фуксе Берлин и Веспрем. Минатата сезона од Веспрем направи трансфер во неговиот актуелен клуб ПИК Сегед.