Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегира арбитрите за натпреварите од четвртото коло на Лигата на шампионите. Најдобрите македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски првпат се најдоа на списокот за оваа сезона.
Покрај тоа, одредена е и судиската двојка за натпреварот меѓу ПСЖ и Еурофарм Пелистер кој на 12 октомври ќе се игра во Париз.
Турските арбитри Курсад Ердоган и Ибрахим Оздениз се делегирани да делат правда на пресметката на пелистерци со францускиот гигант.