четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Убедлива победа на македонските ракометари против Саудиска Арабија

Македонската ракометна репрезентација ја постигна првата победа на контролните дуели.
Убедлива победа на македонските ракометари против Саудиска Арабија

Попладнево во Белград во натпревар од затворен тип Македонија ја победи Саудиска Арабија со 37:21 (19:11). Селекторот Раул Гонзалес им даде шанса на сите играчи.

Натпреварот беше равноправен само во првите 15 минути, а потоа македонските ракометари постојано го зголемуваа водството. Најефикасни во составот на Македонија беа Филип Талески и Гоце Ојлески, кои постигнаа по пет голови.

Утре Македонија ќе го одигра вториот контролен натпревар, а противник е Србија. И овој натпревар ќе се игра во Белград, а почетокот е во 18 часот.