Двата македонски претставници во ракометната СЕХА лига, Вардар и Еурофарм Пелистер во првата рунда од фазата по групи ќе им гостуваат на Татран Прешов и Војводина.
Црвено-црните на 28 овој месец ќе се соочат со шампионот на Словачка додека два дена подоцна Битолчани ќе се сретнат со екипата од Нови Сад.
Во второто коло од Б конкуренцијата, Вардар на први февруари на домашен терен за противник го има белградски Партизан, а следниот ден Еурофарм Пелистер има ново гостување во Нашице на меч со директниот конкурент за освојување на првото место во Б групата.
Првиот круг од регионалното натпреварување за македонските претставници завршува во различни термини. На 28 февруари Вардар му гостува на Партизан, а Еурофарм Пелистер на 14 март игра против Нексе.