недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар и Еурофарм Пелистер добија термини за дуелите во СЕХА лигата

Вардар и Еурофарм Пелистер добија термини за дуелите во СЕХА лигата

Челниците на регионалната СЕХА-лига ги одредија термините за натпреварите на Вардар и Еурофарм Пелистер кои се играат во рамки на четвртата рунда од оваа натпреварување.

Вардар 1961 ќе гостува кај Партизан во Белград на „Бањица“, а дуелот е закажан на 28 февруари со почеток од 18:00 часот.

Еурофарм Пелистер, пак, ќе биде домаќин на Војводина. Натпреварот во салата „Боро Чурлевски“ е закажан на 2 март од 18:00 часот.

Вардар е лидер во групата во СЕХА, додека Еурофарм Пелистер има два порази на две гостински средби.