четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето на Купот на Македонија

Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето на Купот на Македонија
РК Вардар 1961

Вардар и Пелистер се избегнаа од меѓусебна пресметка во полуфиналето во Купот на Македонија, па двата главни конкуренти за трофеите може да се судрат само во завршната финална битка за трофејот, реши ждрепката за завршницата.

Вардарци ќе играат против вториот тим на битолчани во полуфиналето, додека Пелистер го доби Бутел за ривал на завршницата од Купот на Македонија која ќе се игра во Кавадарци од 13 до 15 мај.

Вардар и Пелистер во недела ќе решаваат за шампионската титула во меѓусебното дерби во Битола.

Кај жените, Ѓорче Петров го доби Чаир, а Металург ќе игра против Куманово во двете полуфинални средби од Купот на Македонија.