петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар лесно до пласман во финалето на СЕХА

Вардар лесно до пласман во финалето на СЕХА

Европскиот и регионален ракометен шампион, Вардар оствари лесна победа против Мешков Брест со 33-24 (17-14) во полуфиналето на СЕХА лигата, кое се одигра во „СЦ Јане Сандански“.

„Црвено-црните“ одиграа силен натпревар, а противникот имаше сили само во првите десетина минути од мечот. Во второто полувреме ја одржуваа предноста за конечен триумф од плус девет.

Најефикасен кај македонскиот тим беше Лука Циндриќ, кој постигна шест гола, додека Вуко Борозан постигна пет. на голот Арпад Штербик беше одличен со цели со 20 одбрани. Кај Мешков Баранау постигна девет гола.

Екипата на Раул Гонзалез е на пат да стане прв со четири титули во СЕХА, и втор тим што успеал да слави две сезони по ред во натпреварувањето.

Во финалето „црвено-црните“ ќе играат против победникот од дуелот меѓу ППД Загреб и Целје кое почнува во 20:15 часот.