Вардар претрпе тежок пораз од 32:22 од Мешков Брест на турнирот во Стразбур, Франција.
Македонскиот првак имаше водство во почетните минути на натпреварот, но белорускиот тим успеа да направи пресврт и на паузата замина со предност од 13:8.
Во второто полувреме Мешков Брест продолжи да ја зголемува предноста и во 40-та минута имаше двоцифрено водство, а потоа само рутински стигна до победа.
Македонскиот првак утре ќе игра против Нант за петото место на турнирот.
Капитенот Стојанче Стоилов поради повреда денеска не настапи на натпреварот. Тој има скршеница на десната дланка, која ја доби на вчерашниот натпревар против ПСЖ во дуел со францускиот ракометар Лука Карабатиќ.
Според првичните лекарски наоди оваа повреда ќе го оддалечи неколку седмици од терените.