петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Вардар посилен за уште еден спонзор

Вардар посилен за уште еден спонзор

Продолжува поддршката за РК Вардар што клубот ја добива од повеќе компании кои стануваат спонзори во македонскиот спортски бренд. Уште една позната и успешна компанија реши да застане зад Вардар и заедно да се овозможат услови за најтрофејниот македонски машки клуб да остане на стабилни нозе и да продолжи со остварување на високи спортски резултати.

На списокот на нови поддржувачи на клубот се придужи и Пантелеон ГС. Тоа е домашна компанија која што нуди аутсорсинг услуги на американскиот пазар, односно комплетна алокација на деловни процеси и вработени.

Вардар е посакуван клуб за многумина, за напредување, играње и одлично место за промоција. Промените што се направија пред новата сезона полека носат резултати. Тоа го препознаваат и многу компании кои веќе се приклучија на групата на поддржувачи

„Како компанија сме горди што ја имаме таа можност да бидеме дел од спортската историја која ја испишува РК Вардар 1961 и силно веруваме дека клубот ќе успее да се искачи на нови спортски височини и ќе биде повторно фактор во врвниот ракомет. Сорабтката со РК Вардар 1961 за Пантелеон ГС е дел од корпоративната стратегија за поддршка на локалната заедница и опкружувањето во кое што работи, преку креирање на нови вредности и негување на традиционалните вредности и гордости, а со цел нашата земја да стане уште попривлечно место за живеење, вели Влатко Палчевски, директорот на Пантелеон ГС.

Вардар сезонава доби неколку нови спонзори и поддржувачи кои го препознаа спортскиот бренд и решија да бидат дел од нова успешна ракометна приказна. Екипата се подготвува за новата сезона и минатата недела го освои и првиот трофеј победувајќи на турнирот „Струга 2023“. Сега следуваат настапите во квалификациите за Лига Европа и во домашното првенство.

Извор: Метро