понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ВИДЕО: Неверојатен автогол на данскиот голман Ландин- цел свет му се смее!

ВИДЕО: Неверојатен автогол на данскиот голман Ландин- цел свет му се смее!

Кил неодамна загуби од Рајн-Некар Левен во германскиот Суперкуп, а победникот беше решен дури по изведување пенали.

Покрај неизвесната завршница, еден момент кој предизвикува внимание кај ракометните фанови е потег на голманот на Кил, Никлас Ландин.

Данскиот репрезентативец на уникатен начин постигна автогол, а и сам не можеше да поверува што направил во оваа ситуација.

Данскиот голман беше причина за сеир на присутните гледачи, бидејќи постигна несекојдневен гол и тоа во својата мрежа.

При резултат 8-8, Рајн Некар тргна во контра напад, кој заврши со удар во стативата, а Ландин во обид да ја спаси топката неочекувано ја испрати во сопствената мрежа.