Вардар по осми пат ќе игра во финалето на СЕХА лигата откако во полуфиналниот дуел по пенал рулетот славеше победа со 30-29 над ППД Загреб.
Вардарци имаа негатива и од шест голови во второто полувреме, но она што го красеше овој колектив во минатото дојде до израз и во Задар, па со неверојатен камбек избраниците на Стевче Алушовски го израмнија резултатот и по пеналите повторно се во финалето на завршниот турнир од СЕХА лигата.
Против Веспрем ќе се обидат да го одбранат трофејот од минатата година.