четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Виран Морос заминува од ПСЖ

Виран Морос заминува од ПСЖ

Шпанскиот ракометар Виран Морос кој изминатите три години настапуваше за ПСЖ, преку Инстаграм објави дека го напушта францускиот шампион на крајот на оваа сезона.

Сè уште нема информација каде ќе ја продолжи кариерата и за кој клуб ќе игра следната сезона.

Освен за ПСЖ, Морос играше и за Барселона, Сиудад Реал и Адемар Леон. 11 пати бил шампион на Шпанија и трипати по ред шампион на Франција со ПСЖ. На последниот Ф4 во Лигата на шампионите го освои третото место со францускиот тим.