четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Во Париз се очекува рекордна посетеност на еден ракометен натпревар

Во Париз се очекува рекордна посетеност на еден ракометен натпревар

На Олимписките игри во Париз натпреварите од ракометниот турнир би можеле да забележат рекорди бидејќи планот е да се игра на фудбалски терен.

Капацитетот за ракометните натпревари би бил над 25.000 гледачи што би претставувала огромна посетеност особено ако се знае дека и двете селекции на Франција ќе ја бранат круната на овие игри.

Олимписките игри во Париз доаѓаат за три години, а нема да биде ништо чудно што некои натпревари ќе се играат во друг град бидејќи таква беше ситуацијата и во Јапонија каде што одредени спортови се играа надвор од Токио.