Веќе е познато кои четири ракометни тима ќе ги видат Келн и „Ланксес Арена“ оваа сезона.Оваа година нема да има одложување и завршниот турнир ќе се игра на 12 и 13 јуни во германскиот град.
Барселона, Нант, ПСЖ и Алборг се најдоа во Келн, а полуфиналните двојки ќе бидат познати на 25 мај во 11:00 часот кога ќе се одржи ждрепката. Единствен македонски претставник ќе биде најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров, кој вторпат ќе игра на завршницата со Нант.
По ланскиот настап на Кил, повторно нема германски екипи на Ф4, а две француски и дебитантот Алборг, ќе се обидат да му ги замрсат сметките на најголемиот фаворит Барселона.