понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ЖУРКА ВО СКОПЈЕ: Да се потсетиме како се славеше ланската победа на Вардар над Фленсбург и пласманот во Келн (ВИДЕО)

ЖУРКА ВО СКОПЈЕ: Да се потсетиме како се славеше ланската победа на Вардар над Фленсбург и пласманот во Келн (ВИДЕО)

Денеска Вардар го игра дуелот на домашен терен со Кил, натпревар во кој црвено- црните влегуваат со предност од 1 гол добиена на гостувањето во „Шпаркасен Арената“. Според многумина Вардар важи за фаворит денеска и би требало да биде патникот во Келн на завршниот турнир од Лигата на шампионите.

Лани, два дена порано Вардар го обезбеди првиот историски пласман на Ф-4 откако во Скопје падна Флесбург. Тоа е ден кој вечно ќе остане запишан во срцата на варадаровите фанови, исто како што ќе останат запишани и 3 и 4 јуни истата година, кога Вардар успеа прво да ја исфрли Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите, а потоа со победата над ПСЖ да го крене големиот трофеј од Лигата на шампионите.

Натпреварот со Фленсбург беше причина за активирање на вулканот во „Јане Сандански“. Како новинарите од ЕХФ, така и целиот ракометен свет беше воодушевен од претставата на вардаровите ракометари, кои во тој момент веќе ја добија титулата херои во нашата држава.

Еве како ЕХФ во една и пол минута го виде ланскиот меч меѓу Вардар и Фленсбург:

Еве едно видео од последната минута од натпреварот: