сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА на својот официјален сајт ја претстави Македонија во пресрет на ЕП

УЕФА на својот официјален сајт ја претстави Македонија во пресрет на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација за првпат во својата историја ќе биде дел од еден голем фудбалски настап како што е ЕП во фудбал.

Поради нашето учество на континенталниот собир, Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ја претстави Македонија на својот официјален интернет сајт, со објава во која посочува неколку клучни фактори за големиот успех на националната селекција .

Така, за клучен играч на селекцијата е избран Горан Пандев, кој го постигна и одлучувачкиот гол во финалето на Лигата на нации, а место во текстот на УЕФА добија и Енис Барди, Митко Стојковски, Aртим Шаќири, Зоран Бошковски, легендарниот голман Благоје Видиниќ и се разбира селекторот Игор Ангеловски.

Објавата на УЕФА за нашиот деби настап на ЕУРО 2020 може да ја погледнете на ОВОЈ линк.

https://www.uefa.com/uefaeuro-2020/news/0266-118ebd462dfa-5b5fad025aee-1000–euro-contenders-north-macedonia/