Во последното деноноќие во Грција се потврдени 33 новозаболени од корона вирус, со што вкупната бројка на заболени се искачила на 4110 случаи.
Од денешните 33 новозаразени, дури 10 се забележани на граничните премини соопшти Националната организација за јавно здравје.
Од вкупниот број на случаи на заболени ,1144 од нив се поврзани со патување во странство, е наведено во соопштението.
Во моментов во болниците во Грција на респиратор се вклучени 8 пациенти, пренесува Ана. Од почетокот на епидемијата во Грција од последици предизвикани од ковид починати се 201 лице.