среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Абазовиќ: Црна Гора ја гледам како дел од ЕУ, Хрватска ни е мотиватор да ги завршиме задачите

Абазовиќ: Црна Гора ја гледам како дел од ЕУ, Хрватска ни е мотиватор да ги завршиме задачите

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ денеска во Загреб изјави дека ја гледа својата земја како дел од Европската унија и дека ќе направи се за да стане нејзина прва идна членка.

„Ако постои земја која е идеална за заживување на процесот на проширување на ЕУ, која е во некој вид замор, тоа дефинитивно е Црна Гора. Нашата идеја е да имаме најдобри можни односи со сите наши соседи, да изградиме заедничка иднина и да натпреваруваме во добри идеи“, рече Абазовиќ по разговорот со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Абазовиќ додаде дека Хрватска е „мотиватор за Црна Гора да ги заврши своите задачи поврзани со интеграцијата во ЕУ“ и изрази уверување дека „Хрватска ќе биде меѓу првите земји што ќе го поддржат „принципот на заслуги“ поврзан со напредокот на патот на европската интеграција.

На заедничката прес-конференција, Пленковиќ оцени дека Црна Гора постигнала најголем напредок во процесот на пристапување во ЕУ и додаде дека Хрватска ќе продолжи да ја поддржува на тој пат.

Тој рече и дека двете земји работат на зајакнување на економската соработка и на решавање на преостанатите билатерални прашања. сме благодарни на Хрватска што ја донесе

Абазовиќ денеска пристигна во Загреб, каде со почесна гарда и највисоки државни почести го пречека премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Покрај Пленковиќ, тој се сретна и со претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ.