петок, 19. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

Алармантна состојба во Грција, расте бројот на жртви од коронавирусот

Алармантна состојба во Грција, расте бројот на жртви од коронавирусот

Бројот на жртви од коронавирусот во Грција, денеска се зголеми на три лица, откако двајца мажи, едниот на островот Закинтос и другиот во градот Птолемаида, утрово починаа, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство на Грција, станува збор за лица кои имале здравствени проблеми.

Во болницата во градот Птолемаида, почина 90-годишен Грк, кој на 11 март 2020 бил хоспитализиран со пневмонија.

Втората жртва е 67-годишен маж од Закинтос кој од завчера бил приклучен на апарати, а неофицијално, бил дел од групата што беше на поклоничко патување во Израел и Египет.

Од истата група беше и првата жртва од коронавирусот во Грција.

Според официјалните податоци, од почетокот на епидемијата во земјата, заклучно со вчера, се регистрирани 190 случаи на Ковид-19.