Според официјалните податоци, во последните 24 часа во Србија уште 25 лица починале како последица на коронавирусот така што вкупниот број на жртви сега е 7.493.
Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 22.824 луѓе се тестирани за коронавирус, од кои 6.089 се позитивни.
На респиратор има 128 пациенти. Вкупно 2.502 лица се хоспитализирани.