четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Албанија ќe згрижи 160 спортистки од Авганистан

Албанија ќe згрижи 160 спортистки од Авганистан

Албанскиот премиер Еди Рама потврдно му одговорил на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дека неговата земја ќе ги прифати 160-те девојчиња-спортистки евакуирани од Авганистан.

Веста ја соопштил лично претседателот на ФИФА на прес-конференција од Доха, Катар, јави албанската државна агенција, АТА.

Тој рекол дека додека “западот ги затвори вратите, Еди Рама и Албанија му гарантирале засолниште за нив”.

-Сите европски и американски земји ги затворија вратите, извинувајќи се што не можат да ги примат.Единствената земја што рече донесете ги кај нас беше Албанија, бидејќи знаат што значи да се преживее и да се биде бегалец. Мојот пријател Еди Рама рече дека се добредојдени во Албанија каде што можат да ја градат иднината. Така, од сите земји, Албанија беше единствената што ги отвори вратите за бегалците авганистански спортистки само затоа што сакаа да играат фудбал во Авганистан, додал Инфантино.

Во Албанија во камп кај Драч сместени се над 3.000 припадници на иранската опозиција МЕК, во Шенѓин и Елбасан околу 400 Украинци меѓу нив и млади спортисти и стотина Авганистанци од околу илјада колку што пристигнаа во август минатата година.