вторник, 9. јануари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Албанија сака американска воена база на своја територија

Албанија сака американска воена база на своја територија

Албанија сака САД да изградат воена база на нејзина територија за да спречат влијание на Русија, изјави албанската министерка за одбрана Олта Џачка.

– Милсма дека треба да испратиме силна порака дека Западен Балкан е регион ориентиран кон Западот, дека споделуваме исти принципи и вредности што треба да се бранат, изјави таа при посетата на Пентагон каде имаше средба со американскиот министер за одбрана Џејмс Матис.

Таа предложи военоморска база на САД или НАТО во Јадранското Море.

Министерката посочи дека Русија „се обидува да го зголеми влијанието, дестабилизацијата и акциите преку тајни служби, инвестиции или пропаганда“, но исто така и „Кина, Иран, па дури и Турција“.

МИА