Поради зголемениот број заразени со Ковид-19, посебно меѓу просветните работници, Албанија размислува наставата со физичко прсисуство на учениците, која почна на 14 септември, да ја замени со онлајн настава.
-Министерството за образование започна со подготовки за продолжување на наставата преку интернет. За таа цел во тек е обука на 17.000 наставници низ целата земја за користење онлајн платформата,која треба да заврши на 23 овој месец,пренесува Ора њуз телевизија.
Според истиот извор наставниците веќе започнале на учениците да им ја објаснуваат платформата каде ќе имаат пристап да ја следат наставата.
Пред почетокот на учебната година, Министерството за образование спроведе анкета каде родителите и учениците дадоа свое мислење за формата на настава.
При тоа 90 отсто од испитаниците барале настава со физичко присуство на учениците, но со строго почитување на протоколите против Ковид.
Во текот на овој месец во Албанија зголемен е бројот на тестови од најмногу 800 колку што се правеа претходно на околу 1.200, при што бророт на позитивните дневно во просек е 20 отсто од тестираните.
Како дополнителна мерка во спречување на шрењето на болеста Владата воведе задолжително носење заштитна маска и на отворен простор,за што е предвдена парична казна од 25 евра.