недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Албански медиуми: Велика Британија испраќа 200 дополнителни војници во Косово

Албански медиуми: Велика Британија испраќа 200 дополнителни војници во Косово
Фото: ЕПА

НАТО го засилува своето присуство на Косово со 600 британски војници. Одлуката беше донесена набргу откако таму беше извршен напад со тешко оружје на 24 септември.

„Велика Британија ќе распореди околу 200 војници од првиот баталјон на кралскиот полк на принцезата од Велс, кои ќе им се придружат на 400-те британски војници кои веќе се во Косово за вежбата. Ќе следи засилување од другите земји на алијансата“, рече Дилан. Вајт, портпарол на НАТО .

200-те британски војници кои ќе бидат испратени на Косово, покрај 400-те британски војници кои веќе се таму за вежбата, се дел од резервните сили што британската армија претходно во текот на неделата ги стави на располагање на КФОР – силите на НАТО во Косово.

КФОР е присутен во земјата од војната 1998-1999 година и останува главната безбедносна институција во Косово со вкупно 4.500 војници од 27 земји.

НАТО повторно повика на смиреност и ги покани Белград и Приштина што поскоро да се вратат на патот на дијалогот, што е единствениот начин да се постигне траен мир, рече портпаролот на НАТО.

Еден косовски Албанец полицаец беше убиен во нападот со тешко оружје на 24 септември во северно Косово, каде Србите се мнозинство во неколку градови. Следеше престрелка меѓу специјалните сили на косовската полиција и одред на тешко вооружени Срби. Ова беше најсериозната ескалација на тензиите во Косово во последните години.