Медитеранскиот ураган, силната олуја која го погоди брегот на Грција не го поштеди едно од омилените летувалишта на туристите и на драматичен начин ја затвори овогодинешната летна сезона.
Плажата на која до минатата недела беше вистински рај сега е погодена од силен доќд и ветер кој руши се пред себе.
Очекувани се удари од ветер со брзина до 100 километри на час.
Откажани се дел од летовите, траектите, а спасувачки екипи се во целосна готовност целиот викенд.
Метеоролозите сепак најавуваат дека бурата нема да трае долго.